Иако на крајот од првото полувреме имаа предност од 2:0, фудбалерите на Ливерпул на крајот доживеаа минимален пораз од 3:2 во првенствениот дуел против екипата на Саутемптон.

Гостинот дојде до убедливо водство со погодоците на Филипе Кутињо и Даниел Стариџ, но “светците” направија целосен пресврт со погодоците на Саидо Мане (2) и Грацијано Пеле.

Два погодок, по еден во двете мрежи, беа постигнати на дуелот помеѓу вечните ривали, Њукасл и Сандреленд.