x

Ливерпул остана без Ван Дајк и Гомез, но нема да купува нов дефанзивец

liverpul-korona

Англискиот шампион Ливерпул се соочи со голем проблем во одбраната откако остана без двајца важни фудбалери Вирџил ван Дајк и Џо Гомез. И покрај тоа што тие ќе отсуствуваат подолго време Ливерпул нема да купува нови дефанзивци во јануари, пишува „Атлетик“.

Со оглед на тоа дека и Трент Александар-Арнолд и Енди Робертсон се повредени, тоа значи дека Ливерпул претстојниот викенд против Лестер ќе истрча без ниту еден од вообичаените дефанзивци. Јирген Клоп ќе мора да прекомандува некого од средниот ред или да повика од младинскиот тим.

Засега здрави се само Џоел Матип, Натаниел Филип и Фабињо.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата