x

Ливерпул му нуди на Ван Дајк 250.000 евра неделнa плата!

Холандскиот дефанзивец Вирџил ван Дајк ќе остане во Ливерпул кој му понудил нов, побогат договор, пишува „Дејли меил“. За одличниот дефанзивец имало интерес од неколку клубови меѓу кои и од богатиот Пари Сен Жермен, сепак, Холанѓанецот смета дека останувањето во Премиер лигата е вистински потег и нема потреба да ја менува средината.
А со оваа неверојатна понува би станал и најплатен фудбалер во Премиер лигата.
Инаку Ливерпул го купи Ван Дајк за 80 милиони евра во 2018 година од Саутемптон.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата