x

Ливерпул, конечно, се ослободува од „киксерот“ Кариус, се враќа во Германија

karius1

Лорис Кариус е во преговори за заминување од Ливерпул, и враќање во Германија. Кариус нема иднина на „Енфилд“, тоа е јасно откако Алисон е прв избор, а Адријан втор голман. Германецот не е ниту трет избор на Клоп.

Затоа Кариус ќе се врати во Германија, и според тамошните медиуми ќе потпише за Унион Берлин. Тоа би значело дека Кариус ќе се врати во својата родна земја по неколку години пауза. Тој од Мајнц дојде во Ливерпул, но не се прослави.

Кариус не успеа никако да се врати по катастрофалните грешки во финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид на мечот одигран во Киев во 2018 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата