x

Ливерпул и Клајн ја завршија соработката

Дефанзивецот Натаниел Клајн ќе го напушти тимот на Ливерпул на крајот на јуни, објавија од клубот. Договорот на играчот истекува и тој нема да биде обновен.

Клајн мина пет години на „Енфилд“, но во последните две сезони тој често беше надвор од игра поради постојаните повреди кои го придружуваа.

Дефанзивецот забележа 103 настапи за „црвените“, во кои успеа да постигне два гола. Клајн дојде на „Енфилд“ од Саутемптон во летото 2015 година. Во еден период од престојот, тој беше и на позајмица во Бурнемаут.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата