x

Ливерпул и Ван Дајк се согласија на нов петгодишен договор

van-dijk-e1591946850921

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк ќе го продолжи договорот со Ливерпул за пет години, пренесуваат „Експрес“ и „Стар“.

Според британските медиуми, 29-годишниот Холанѓанец е задоволен од својата позиција во клубот и решил да не менува ништо во блиска иднина. Се очекува важноста на договорот со фудбалерот да биде до летото 2025 година.

За потсетување, на крајот на октомври, Ван Дајк беше опериран по кинењето на предни вкрстени лигаменти на коленото, повреда добиена по дуел со голманот Џордан Пикфорд на мечот против Евертон (2:2).

Оваа сезона дефанзивецот на Премиер лигата одигра пет натпревари, на кои постигна еден гол.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата