x

Ливерпул е англиски рекордер – стигна до 47. трофеј во историјата!

Ливерпул е најуспешниот англиски клуб по бројот на освоени трофеи во историјата. „Црвените“ вечерва го совладаа Фламенго со 1:0 со голот на Фирмино во 99 минута и конечно ја освоија титулата која им недостасуваше – светски клупски првак. Претходно трипати ја бркаше и секогаш губеше од противниците, а вечерва ја освои.

Со тоа Ливерпул првпат во историјата обедини три меѓународни пехари – ЛШ, УЕФА Суперкупот и ФИФА Светското клупско првенство.

Но Ливерпул со 47 трофеја е најуспешниот англиски клуб. Има два повеќе од најблискиот ривал Манчестер Јунајтед.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата