x

Ливерпул до февруари нема да смета на Окс-Чемберлен

Ливерпул ќе остане без услугите на Алекс Окслејд-Чемберлен шест недели поради повредата на глуждот која ја доби на средбата против Фламенго во финалето на Светското клупско првенство во Катар.

Тоа значи дека играчот за врска на европскиот шампион нема да игра се до февруари. Тоа е уште еден проблем за „црвените“, особено ако се земе предвид дека Фабињо е исто така повреден и тој ќе мора да пропушти уште средби, како и Џини Вајналдум кој беше повреден веќе неколку недели.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата