x

Ливерпул го понижи Палас со 7:0 на „Селхарст парк“ (видео)

liverpul

Екипата на Ливерпул го демолира составот на Кристал Палас во гости. „Црвените“ славеа со 7:0 во рамките на  14. коло на Премиер лигата. Составот на Јирген Клоп уште во првото полувреме водеа со 3:0 со головите на Минамино (негов прв гол во Премиер лигата), Мане и Фирмино. Во вториот дел мрежата на домашните ја тресеа  Хендерсон,  Фирмино и двапати Салах за конечни 7:0.

Ливерпул ја продолжи успешната серија против Кристал Палас. Ова е седма победа по ред во најсилната англиска лига. А „Црвените“ ја зголемија предноста на чело на табелата и имаат 31 бод, шест повеќе од Тотенхем на второто место, но „Спарс“ имаат и меч помалку.

Палас е на позиција 12.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата