x

Ливерпул ги победи сите ривали и затоа ќе биде шампион

Актуелниот европски и светски клупски првак Ливерпул апсолутно доминира и во Премиер лигата сезонава и повеќе од јасно е дека титулата доаѓа на „Енфилд“ по пауза од 30 години.

Ако некој досега се сомневаше, сега веќе нема дилеми, особено по синоќешниот 15-ти триумф во низа, а до крајот на сезоната остануваат уште 14. кола.

Тимот на Јирген Клоп направи подвиг како никој досега во најсилната англиска лига – таа ги победи сите противници со кои се соочи сезонава и затоа ќе биде шампион. По синоќешниот триумф над Вест Хем (2:0) Ливерпул и бега на конкуренцијата за 19 поени и веќе ја гледа титулата во Премиер лигата во свој посед, првпат по 1990 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата