x

Ливерпул без Матип и Тијаго за утрешната пресметка со Ајакс

thiago-matip

Жоел Матип и Тијаго Алкантара по се изгледа нема да настапат на утрешниот натпревар на Ливерпул против Ајакс во групната фаза од Лигата на шампионите. Двајцата го пропуштија денешниот тренинг, откако се здобија со повреди на дербито против Евертон.

Централниот дефанзивец, кој штотуку се вратил од рехабилитација, вчера бил прегледан на скенер за да се процени неговата состојба. Тијаго го помина истиот тест во неделата откако Ришарлисон стартуваше врз него остро, за што доби и црвен картон.

Според Скај Спорт, двајцата се под голем знак прашалник не само за утрешниот натпревар, туку и за мечот против Шефилд Јунајтед во сабота.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата