x

„Либерти Медиа“: Формула 1 е многу комплицирана, навивачите не ја разбираат

Главниот извршен директор на „Либерти Медиа“, сопствениците на Формула 1,  Чејс Кери, изјави дека со задоволство ќе ги поедностави правилата на Формула 1 натпреварувањето. Според него, тешко е за навивачите да ја следат и разбираат серијата заради многу обемните регулативи.

„Имаме премногу комплицирани правила и казни. Имаме регулатива од 100 страници. Ние треба да го доведеме нашиот бизнис во позиција во која ќе биде многу полесно разбирлив за да може да се следат натпреварите поедноставно и навивачите да можат да разберат што гледаат. Формула 1 секогаш ќе остане тежок технички спорт, кој е комбинација на спорт и технологија, но ние треба да го направиме тоа така што ќе ги исполниме и барањата на навивачите. Тие знаат што акаат да видат и мора да ги почитуваме и нивните желби“, вели Чејс Кери во интервју за „Индипендент“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата