x

ЛЕ: Шахтјор го прегази Базел, Окампос за полуфинале на Севиља (ВИДЕО)

basel-shaktar

Фудбалерите на Шахтјор закажаа полуфинале со Интер во финалниот дел од сезоната во Лигата на Европа. Вечерва на средбата во Гелзенкирхен, Украинците ги оставија без шанси и надеж за успех противниците од Швајцарија совладувајќи ги убедливо со 4:1.

Уште во првиот дел од мечот Шахтјор покажа дека квалитетот е на нивна страна. Со головите на Мораеш (2′) и на Тајсон (22′) на полувреме заминаа со високи 2:0. Во вториот дел, момците на Луис Кастро погодија уште еднаш во 75. минута од пенал преку Алан за високи и убедливи 3:0. Следуваше и четврти гол во 88. минута прфеку Додо, а Базел се потруди чесно да го заврши настапот во ЛЕ со гол во 92. минута преку Ван Волфсвинкел за конечни 4:1.

На пресметката во Дуизбург гледавме цврст меч во кој одлуката падна во 88. минута. Лукас Окампос донесе голема радост за Севиља на дуелот со Вулверхемптон, кој денеска испушти шанса прв да поведе.

Фудбалерите на Вулверхемптон во првото полувреме промашија пенал, откако Хименез не успеа да погоди од белата точка. И двата тима одиграа цврст фудбал, но посреќни беа Шпанците кои закажаа полуфинале со Манчестер Ј.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата