x

ЛЕ: Наполи освои само бод во Алкмар и ќе чека за билет во нокаут фазата (видео)

mertens

Во групата Ф од Лига Европа дури три екипи имаат шанси за место во шеснаесетфиналето откако вечерва и двата меча завршија со реми. Наполи одигра 1:1 на гостувањето кај АЗ Алкмар но со овој бод остана на првото место на табелата.

Дрис Мертенс го доведе Наполи во предност, а изедначи Мартинс Инди во 54 минута, а шест минути подоцна домашните пропуштија пенал откако промаши капитенот Купмајнерс.За Наполи од 58. минута играше Елиф Елмас.

А Сосиедад не си ја заврши домашната работа. Киксираше во дуелот со „отпишаната“ Ријека која извлече 2:2. Стрелец на еден од головите на хрватскиот тим беше и Дарко Велковски.

 

Ситуацијата е следна. Наполи е прв со 10 бода, Сосиедад е втор, а АЗ трет со по 8 бода, последна е Ријека со 1. Во идното, последно коло Наполи игра со Сосиедад на свој терен, а АЗ ќе се соочи со Ријека во гости.

Баер Леверкузен и Славија Прага си осигураа место во следната фаза, а таму патува и Ренџерс по вечерашната победа над Стандард (3:2).

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата