x

ЛЕ: Адем против Новак, Николов и Муслиу на Малта, Тодоровски против Гранада, Бруно ќе го нагости Мурињо…

nikolov-nova

Познати се двојките од 2.квалификациско коло во Лигата на Европа. Силекс игра дома со Дрита, Ренова го пречекува Хајдук а Шкендија пак гостува кај Ботошани во Романија.

Што се однесува до останатите мечеви интересно ќе биде дека Али Адем и Евгениј Новак на 17 септември ќе играат еден против друг. Арис на Адем во Солун ќе го дочека Колос, тимот на Новак од Украина. До вчера заедно овие двајца играа во Вардар, а сега ќе мораат еден против друг.

Бобан Николов и Висар Муслиу со својот МОЛ Фехервар ќе гостуваат на Малта, кај тимот на Хибернијанс, секако дека составот на нашите репрезентативци е голем фаворит за пласман во следната фаза.

Баже Тодоровски со својата Теута, откако ја мина првата пречка наречена Беитар, сега одново ќе игра дома, и тоа против шпанската Гранада. Ова е ногв предизвик за искусниот десен бек кој игра со голем успех за освојувачот на Купот во Албанија.

Да споменеме дека “џек-потот“ наречен Тотенхем го доби Бруно Акраповиќ, некогашниот стратег на Шкендија кој на 17 септември ќе го нагости Жозе Мурињо.

Имено на Локо Пловдив на денешната ждрепка во Нион му се падна гигантот Тотенхем.

Бруно за бугарските медиуми вели дека Жозе му бил тренерски идол, дека ќе му биде чест да го има за ривал.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата