x

Лејкерс на чекор до полуфинале на Западот

a2541e776a817a5dbcdce73f68be0bac-e1598334870654

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа во мечот со Портланд 135:115 и така дојдоа на чекор до пласман во полуфиналето на Западот. „Езерџиите“ поведоа со 3:1 во серијата и сега имаат меч топка за пласман во наредната рунда.

Првопласираната екипа на Западот во регуларниот дел настапи со црни дресови во знак  на трагично починатиот Коби Брајант, кој пред неколку денови ќе наполнеше 42 години. Лејкерс во „мамба“ опрема во првата четвртина уфрлија 43 поени и уште тогаш поведоа со 18 разлика, а предноста до полувреме порасна на +29. На цел меч имаа водство и на крајот победија.

Најдобар на теренот беше Леброн Џејмс со 30 поени и неверојатен процент на шут затоа што погоди 10 од 12 обиди од игра, четири од пет шутеви за три поени, со 6-8 обиди од линијата за слободни фрлања.

Кај поразениот состав се истакна Јусуф Нуркиќ кој впиша дабл-дабл (20 поени и 13 скокови).

А кошаркарите на Милвоки Бакс го совладаа Орландо Меџик со 121:106 во четвртиот меч од доигрувањето и поведоа со 3:1 што значи дека им е потребна уште една победа за пласман во полуфиналето на Источната конференција.

Орландо се држеше се до последната четвртина, а тогаш Бакс направија „брејк“ решавајќи го во своја корист со 37:25. Најефикасен кај Бакс беше Јанис Антетокумпо со 31 поен и 15 скокови, додека Мидлтон постигна 21 поен и 10 скокови. Кај Меџик најдобар беше Вучевиќ со 31 поен.

Мајами е веќе полуфиналист на Западот откако и во четвртио меч ја победи Индијана

Другиот полуфинален пар на Истокот е веќе познат, а за финале ќе се борат Бостон и Торонто кој со вкупни 4:0 ги „збришаа“ Филаделфија односно Бруклин.

РЕЗУЛТАТИ

ТОРОНТО – БРУКЛИН    150:122 (4:0 во серијата)

ЈУТА – ДЕНВЕР  129:127 (3:1 во серијата)

МИЛВОКИ – ОРЛАНДО                121:106 (3:1 во серијата)

ОКЛАХОМА – ХЈУСТОН 117:114 (2:2 во серијата)

МАЈАМИ – ИНДИЈАНА 99:87 (4:0 во серијата)

ЛА ЛЕЈКЕРС – ПОРТЛАНД            135:115 (3:1 во серијата)

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата