x

Лејкерси не запираат, Дончиќ повторно во „елемент“ (ВИДЕО)

Л.А. Лејкерс  стигнаа до 19. победа сезонава на гостувањето кај Јута (96:121) и ја одржуваат доминацијата во Западната конференција. Ентони Дејвис (26 поени), Леброн Џејмс со 20 поени и 10 асистенции, како и Донован Мичел со 29 поени беа оние кои ги предводеа „езерџиите“ во десеттата победа во низа сезонава.

Лука Дончиќ повторно беше во „елемент“ иако не беше најефикасниот играч во победата на Далас над Минесота (121:114). Словенецот имаше 22 поени, седум асистенции, додека Двајт Пауел запиша 24 поени. Кај Минесота Карл Ентони Таунс имаше 26 поени, додека Роберт Ковингтон додаде 22 поени.

 

РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Голден Стејт                106:91

Детроит – Милвоки      103:127

Орландо – Феникс         128:114

Атланта – Бруклин        118:130

Бостон – Мајами            112:93

Чикаго – Мемфис           106:99

Оклахома – Индијана  100:107

Далас – Минесота         121:114

Јута – Л.А. Лејкерс         96:121

Портланд – Сакраменто             127:116

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата