Екипата на Лос Анџелес Лејкерс има сериозно водство од 2:0 во големото НБА финале против екипата на Мајами. Синоќа Лејкерски по втор пат триумфираа овојпат со конечни 124:114 и на тој начин дојдоа до огромна предност во завршната фаза од овогодинешниот шампионат.
Предводени од тандемот Џејмс – Дејвис, Лејкерси во ниту еден момент не дозволија победата да им биде доведена во прашање и константно беа во водство на овој натпревар.
Противникот ретко имаше можност да се приближи, а и кога имаше тоа не погоди неколку клучни шутеви.
Леброн Џејмс постигна 33 поени, Дејвис поен помалку и беа незадржливи за дефанзивата на Мајами. Лејкерси имаат скор од 20 победи и само еден пораз кога овиде двајца ќе постигна комбинирано шеесет или пак повеќе поени.
Со ова го изедначија рекордот на Коби и Шекил на кои истото им појде од рака во сезоната 1999/00.