Дошла Мара на лекар, се жалела на болки во стомакот, потење и нервоза. Докторот ја прегледал од глава до пети. – Ех моја Маро, ништо не ти е, не си болна туку ти треба еден маж, па ќе се излечиш. И Симе барал помош. Рекол дека не му е добро, нервозен е и не може да спие. Докторот го прегледал, не нашол никаква грешка, па и нему му рекол дека би требало да најде женска која ќе го излекува. Тргнал Симе накај дома и попатно ја сретнал Мара. Почнале да разговарат, кој кај бил и зошто. По некое време, така одејќи им текнало да се сексаат. И почнале, а Мара одоздола свикала: – Е мој Симе, да не види некој ќе рече дека се сексаме, а ние само се лечиме…