Екипажот на авионот „ербас А319“ на „Ер Франс“, кој летал од Москва за Париз, испратил сигнал за итни случаи и слетал во Луксембург, објави порталот за податоци од авиосообраќајот „Флајтрадар“.

Според редот на летање на аеродромот „Шереметјево“ во Москва, летот „AФ1145“ тргнал од московскиот аеродром во 9 часот наутро. Летот до аеродромот „Шарл де Гол“ требало да трае 3 часа и 40 минути.

Авионот во еден момент испратил сигнал за итни случаи во регионот на Луксембург и според извештаите свртел и почнал да се спушта. Според „Флајтрадар“, авионот слетал во Луксембург во 12.41 часот. По сите неопходни проверки, авионот ќе добие зелено светло да продолжи кон Париз, објави „Ер Франс“.

„Известувањето се однесуваше на системот за сопирање. Мора да се работи за лажен аларм, но екипажот сепак одлучи да слета за секој случај“, рече претставникот на компанијата.

извор: Makfax