ред да отидете на солариум третман посоветувајте се со стручно лице, кој тип на солариум вам ви одговвара и колку долго смеете да се задржите во него…за да го подготвите телото за сончање.

Анализата на кожата е многу важна, затоа што само дозирано изложување на УВ зраци во солариумот се смета за сигурно.

Најчесто се започнува со дозирано пробно сончање кое трае 4 минути. За тоа време се мери меланинот, влажноста и чувствителноста на кожата и со податоците (боја на очи, коса, навики за сончање) се одредува времето кое може да го поминете во стоечки или “сендвич” солариум.

Најчесто тоа се третмани на 48 часа, а потоа еден на 7 дена за одржување на бојата. Меѓутоа, за да биде бојата рамномерно по целото тело, многу е важно да направите пилинг на телото, а 30тина минути по сончањето премачкајте го телото со лосион.