x

Летно “лудило“ со англиски фудбал: 92 меча во Премиер лигата за седум недели, плус ФА Купот!

Иако во текот на денешниот ден треба да се знаат деталите околу тоа како и кога ќе се означи продолжение на сезоната во Премиер лигата, сепак некои поединости, како што секогаш се случува, се знаат.

Имено не очекува летно фудбалско „лудило“. За седум недели ќе може да се гледаат, односно да се одиграат, дури 92 меча од најквалитетната фудбалска лига во светот. Секако дека тука е и завршницата од ФА Купот.

Натпреварите би се играле од четврток до недела, а во овој период ќе има и четири вонредни кола. 

Проектот „рестарт“ на сезоната 2019/2020 треба да биде најдоцна до 10 јуни, а финалниот меч од ФА купот би се играл на 8 август, со што би се ставило крај на сезоната.

Секако дека ќе се игра без присуство на публика, ќе има директни ТВ преноси, а оние кои нема да одат на море, на одмор во тој период, ќе може да “лудуваат“ покрај ТВ екраните со настаните од Премиер лигата. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата