Летни шпагети
Потребно е:
400 г шпагети
500 г свежи домати
1 лименка туна
3 чешниња лук
свеж босилек
1 дл масло
сок од лимон
сол и бибер
пармезан
Подготовка: Шпагетите сварете ги во добро посолена вода. Во меѓувреме ставете ги доматите во зовриена вода. Потоа исчистете ги, отстранете ги семките и ситно исечете ги. Во миксер пасирајте ја рибата, доматите, босилекот, со сол, сок од лимон и 0,5 дл масло. Во тава пропржете го лукот исечен на ливчиња и додадете ги сварените шпагети. Врз шпагетите посипете го сосот, а врз него пармезанот. Се служи додека е топло.