x

„Летечкиот Норвежанец“ за 9 стотинки не успеа да го собори светскиот рекорд на 400 метри со пречки

warholm

Светскиот шампион на 400 метри со пречки, Карстен Ворхолм, остана само девет стотинки зад светскиот рекорд на Кевин Јанг на денешната трка во рамките на четвртиот митинг од Дијамантаската лига кој се одржа во Стокхолм.

Норвежанецот беше фантастичен на патеката и многу малку му недостасуваше да го собори рекордот на 400 метри со пречки кој е актуелен уште од далечната 1992 година. Во исто време, тој со денешниот настап го подобри европскиот рекорд, со време 46,87 секунди.

Малку подоцна, Ворхолм се најде повторно на патеката и успеа да победи на трката на 400 метри, но овој пат без пречки, со резултат 45,05 секунди.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата