Летале штикли и тупаници!
Поради неуспешниот избор на нов директор на државната Хрватска радио телевизија (ХРТ), прексиноќа се случил вистински скандал – се степале двајца членови на Програмскиот совет на ХРТ, Јадранка Коларевиќ и Данко Бљајиќ. Очевидците велат дека летале штикли, тупаници и клоци, па морала да интервенира и полиција и итна помош.
Се’ почнало кога Јадранка влетала во просторијата каде бил и Данко, нафрлајќи се врз него со навреди и обвинувања дека тој е виновен што не е избран новиот директор. Присутните се обиделе да ги раздвојат, но и тие добиле по неколку удари. Епилогот бил во режија на полицијата, а новинарите на ХТВ веднаш измислиле нов штос: за химна на нивната телевизија да биде прогласена песната “Моја штикла”!