x

Лестер не попушта пред нападот на Челзи: Чилвел не е на продажба!

Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс, ја отфрли можноста Бен Чилвел да го напушти клубот ова лето. Левиот бек на англиската репрезентација, се поврзува со голем број клубови, но Лестер нема намера да се раздели токму оваа сезона, во која се борат за излез и во Лигат ана шампионите.

„Бен е играч на Лестер и воопшто не сум загрижен дека тој би нè напуштил. Ние немаме намера да го продадеме. Едноставно е, Чилвел не е на продажба”, јасно посочил Роџерс .

Чилвел е роден во Лестер и има договор до 2024 година. Челзи се споменува како најзагреан за неговиот потпис, но засега „лисиците“ не сакаат да чујат за преговори.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата