Лесно се дебелеам, но и лесно слабеам
Бијонсе е на насловната на “Вог” и по тој повод 27-годишната пејачка се разборела за своите облини и открила дека лесно слабее, но дека уште полесно се здебелува. Имено за потребите на филмот “Парчиња од сништа” значително ослабнала благодарение на ригорозна диета, за да потоа повторно нафрли десетина килограми за улогата на Ета Џејмс во филмот “Кадилак Рекордс”.
“Многу брзо можам да се здебелам. Јас едноставно не сум природно слаба. Но, не мислам дека сум дебела, а не сум ни слаба”, изјавила Бијонсе за “Вог”. Исто така признала дека понекогаш ја плаши влијанието кое го има на младите девојки. Меѓу нив се и ќерките на актуелниот американски претседател, Саша и Малиа Обама.
“Се вџашувам од помислата за тоа колку со својот чин влијаам на сите тие млади девојки. Но, од друга страна, ме весели и благодарна сум на таквата позиција”, рекла Бијонсе.