x

Лескароски од Вардар Форино е позитивен на Ковид-19!

leskaroski-nova

Уште еден случај во мак-фудбалот поврзан со коронавирусот. Најново е тоа што во екипата на Вардар Форино, инаку второлигаш во западната конкуренција се појави позитивен фудбалер на најновите тестови на Ковид-19.

Станува збор за исусниот стопер Дејан Лескароски кој ова лето дојде во клубот како најголемо засилување. Вардар Форино тоа и официјално го потврди, а и самиот фудбалер на својата „Фејсбук страница“ потврди дека е позитивен и апелира на носење маски. Јасно е дека Лескароски е изолиран, вчера не беше во тимот на својот тим на мечот со Дрита Боговиње.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата