Пеачката од минатата недела мака мачела со напад на мигрена, поради што се испаничила и решила генерално да изврши преглед на својот организам.

Пеачката прво се јавила на својот лекар и добила терпија со аналгетици, но нивното дејство било кратко.

Лечењето го продолжила со помош на инфузија.

– Во вторникот Брена ја повика нашата клиника и побара да и направиме скенирање на главата бидејќи имала големи болки. Дојде кај нас и се пожали на лекарот дека неколку пати ја менувала терапијата, од кои болката малку се намалувала, но брзо потоа се враќала. Сакал да биде сигурна да не е нешто сериозно, бидејќи лекарот и рекол дека најверојатно има проблрм со синуси. Снимањето траело 20 минути а резултатите биле готови за еден час. Била вознемирена и загрижена , но не паничела.- вели извор од болницата.

За нејзина среќа, скенерот покажал дека нема место за страв и грижа, но дека е потребно подолготрајно лекување бидејќи воспалението на синусите е доста големо.

– Нејзините синусните канали практично сите и биле запушени, не знам како успеала толку долго да трпи болки. Во такви случаи понекогаш на пациентите им се прават операции, но кај Брена нема потреба за хирушки зафат – вели извор од болницата

Контрола и е закажана за една недела каде што ќе се види каква е нејзината состојба вели лекар од болницата.

Сепак медиумите се обиделе да стапат во контакт со Лепа Брена, но таа не одговарала на нивните повици.