Ленче и Горан во турбо ритам
Популарниот фолк тандем Ленче и Горан Кукиќ во последно време се презафатени со свирки низ Струмица. Посебно впечатоци носат од неодамнешниот концерт во Лозана организиран во чест на Свети Валенти, а наесен поканети се на повеќе концерти низ Швајцарија. Работниот нотес за пролетниот период на брачната двојка Кукиќ е целосно пополнет, и од таа причина, годинава ќе го прескокнат учеството на Валандовскиот фестивал. Во меѓувреме, заради финансиски средства, во застој се нивните соло албуми. Се надеваат дека и на тој план ќе им се насмее среќата. (Ва.Ѓ.)