Лековите секогаш чувајте ги во оригинално пакување и никогаш не го фрлајте упатството.

Секоја втора личност не знае како во домашни услови правилно да се чуваат лекови – покажало истражувањето спроведено во повеќе земји на ЕУ.

Студијата открила дека повеќето ги држат на место на кои им шкоди, а тоа е купатило. Лековите овде трпат удари од постојана влажност и топлина, кои се одразуваат на нивната ефикасност, односно ја намалува ефикасноста.

Стручњаците велат дека најдобро место за чување на медикаментите е дневна или спална соба, а ако ги држете во кујна, тогаш важно е да се потрудите секогаш да бидат на темно место, во добро затворена фиока.

Лековите се чуваат во спалан соба, не во кујна.

Различни капки, сирупи, но и фластери чувајте ги во фрижидер, најмногу две недели. Треба да водете сметка и шишенце со сируп да не се вадат од кутијата, бидејќи се чуствителни на светлина.

Лековите чувајте ги во оригиналното пакување, бидејќи на неа пишува рок на траење за кое мора да знаете. Освен тоа никагаш не го фрлајте упатството за употреба, бидејќи можете да го заборавете начинот на користење.

Во што најмногу грешиме?

Кога употребуваме само половина таблета, другата ја оставаме да стои кој знае до кога. Мора да ја искористите во рок од 24 часа.