Иако српските медиуми објавија дека вчера водителката Деа Ѓурѓевиќ  требаше да биде пуштена од одделението за интензивна нега, сепак конзилиумот одлучи таа да остане во истиот оддел се додека не се опорави од тешката сообраќајна несреќа.

-Денеска требаше да се одлучи дали Деа ќе ја напушти единицата на интензивна нега, но лекарите го одложија тоа и таа останува на овој оддел. Тука ја има сета потребна нега и се уште не се опоравила од тешката сообраќајна несреќа во која автобус на водителката и ја откина раката која лекарите едвај и ја спасија, вели избор близок до семејството.

Нејзиниот свршеник вели дека таа останува во болница се додека лекарите не одлучат за тоа.