„Валканите алишта“повторно се изнесени на судењето во Лондон, каде се разгледува тужбата на Џони Деп против британскиот таблоид „Тhe Sun“, затоа што во овој медиум пишуваше дека актерот се однесувал насилно кон својата поранешна сопруга Амбер Херд.

Нови докази сега беа видени пред судот. Имено, се појави скандалозна фотографија на која Џони Деп седи во несвест во приватен авион, додека сладоледот се топи на неговите пантолони.

Актерот беше фотографиран од неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Фотографијата е направена на летот на трасата Бостон – Лос Анџелес во мај 2014 година. Актерот тогаш, наводно, бил под дејство на алкохол и наркотични средства.

Очигледно бев многу уморен, заспав, а сладоледот се истури на ногата … таа ме сликаше и ми ја покажа фотографијата (и рече): „Гледај, патетично е“, рече Деп на судењето.

Од друга страна, Амбер Херд тврди дека Деп во текот на летото фрлил разни работи кон неа, како столи удрил шлаканица, ја удрил и во задниот дел на главата пред да се онесвести во тоалетот.

Тој ги отфрли обвинувањата на неговата екс-сопруга. Актерот додаде дека изгубил дури 650 милиони долари од својата заработка.