x

Ледецка ја победи Зутер за 3 стотинки во супервелеслаломот во Вал д’Изер

ledecka

Победа на Естер Ледецка во последниот настан од Светскиот куп во францускиот Вал д’Изер. Претходните два дена во овој зимски центар се одржаа натпреварите во спуст и тогаш триумфираа Корин Зутер и Софија Гоџиа, а денеска чешката скијачка Ледецка победи во супервелеслаломот.

Таа оствари време 1:24.64 минути, и за само 0,03 секунди беше побрза од Корин Зутер, односно 0,35 секунди од Федерика Брињоне. Во топ 5 завршиа Марта Басино и Лара Гут-Бехрами.

Во генералниот пласман води Петра Влхова со 465 поени, а во категоријата супервелеслалом Ледеска е лидер со 100 поени или 20 поени повеќе од Зутер.

Ова е и прва супервелеслаломска трка откако претходните што требаше да се одржат во Сен Мориц беа одложени поради силни врнежи на снег и ветар.

Следните предизвици во женска конкуренција се во австриски Земеринг на 28 и 29 декември.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата