x

Легендарниот напаѓач на Лидс почина од КОВИД-19

Норман Хантер, поранешниот англиски репрезентативец и светски шампион почина на 77 години како последица од корона вирусот. Хантер беше примен во болница на 10 април кога беше востановено дека е заразен со корона вирус, но тој не ја издржа борбата.

Хантер беше еден од клучните фудбалери на Лидс Јунајтед. За 14 години одигра 726 натпревари во сите конкуренции и освои две шампионски титули, два ФА купа и еден Лига куп. После Лидс играше за Бристол и Барнсли.

Беше дел од репрезентацијата на Англија која го освои Светското првенство 1966 година.

Беше централен дефанзивец од кого многу напаѓачи се плашеа да влезат во дуел со него, затоа што беше немилосрден и цврст како карпа. Хантер е првиот освојувач на наградата за најдобар играч во најсилната англиска лига во 1973 година. Тој беше дел од тимот од „Еланд Роуд“ кој стигна до финалето на Купот на шампионите во 1975 година, но изгуби од Баерн Минхен.

По играчката кариера десет години работел како тренер, прво на Барнсли, па на Ротерам, па на Брадфорд. Во 1990 година се повлекол од тренерската работа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата