Романија планира да ја легализира проституцијата, со цел да се обиде да се справи со зголемениот интерес за платени сексуални услуги во земјата, изјави романскиот министер за внатрешни работи Василе Блага, за приватната телевизија “Реалитатја”. Тој најави дека МВР почнало со изготвување законски проект за легализација на проституцијата, а се очекува текстот да биде готов за јавна расправа за еден месец.
Романскиот министер за внатрешни работи изрази очекување дека таков закон би бил позитивна мерка, ако неговите недостатоци и предности бидат “ставени на маса”. Романија е една од 11-те земји на списокот на ОН, категоризирани како најголем извор на трговија со луѓе, пренесува МИА.