x

Леверкузен не греши на гости – Хаверц повторно носи победа

Ако на домашен терен по рестартот на Бундеслигата има проблеми, тогаш тимот на Баер Леверкузен не греши на гости. После двете победи над Менхенгладбах и Вердер, вечерва тимот го совлада и Фрајбург со 0:1.

Стрелец на голот беше Хаверц со 54. минута, гол со кој и натаму си ја „билда“ цената, со оглед дека за него се интересираат гигантите од Европа.

Со тоа Леверкузен направи голем исчекор кон ЛШ идната сезона, и  се доближи на само бод од второпласираниот тим на Борусија Дортмунд.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата