x

Леванте два пати водеше и на крајот изгуби од градскиот ривал

valensija

Во првото коло од шпанската Ла Лига се одигра дербито на Валенсија. Во него Леванте повторно не успеа да ја совлада Валенсија на Местаља. Иако два пати водеше, на крајот изгуби со 4:2.

Имаше Леванте за што да жали. Беше подобар противник во поголемиот дел од мечот. Нивниот напаѓач Хозе Луис Моралес блескаше. Постигна два прекрасни гола. Првиот во 34 секунда откако ги „измеша“ дефанзивците на Валенсија и го совлада голманот. Слично и во 36 минута го погоди голот на Доменех.

Но домашните не се предаваа. Прво изедначија на 1:1 преку Габриел, а потоа и на 2:2 со голот на Гомез пред крајот на првиот дел.

Во второто полувреме нововлезените Черишев и Ваљехо комбинираа, а вториот погоди за 3:2 за Валенсија. Ваљехо го реализира и четвртиот гол за Валенсија во 93 минута за конечни 4:2.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди играше за Леванте до 75 минута и потоа беше заменет од тактички причини.

Да кажеме дека за Валенсија настапи Јунус Мусах кој има само 17 години. Иако е роден во Њујорк, тој има англиско државјанство. Тој е првиот англиски фудбалер во дресот на Валенсија.

ГОЛОТ НА МОРАЛЕС ВО 34 СЕКУНДА

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата