x

Левандовски уценуван за 20 милиони евра!

z26317317ihrobert-lewandowski-i-cezary-kucharski

Роберт Левандовски во својата родна држава Полска,е во центарот на сериозен скандал кој добива големи размери. Имено, тој изминатиот период од личноста со име Чезари Кучарски е уценуван да исплати сума од ни помалку ни повеќе туку цело 20 милиони евра, за дотичниот да молчи и да не објавува на јавноста дека Левандовски и неговата сопруга се затајувачи на данок.

Левандовски и Кучарски се сретнале неколкупати во Минхен односно во Варшава и разговарале на темава, но клучен момент е фактот што Левандовски разговорите ги снимал и снимките нормално се клучен доказ за целиот скандал.

Кучарски уште по нормално веднаш е уапсен и следи судски процес. А дали Левандовски и сопругата затајувале данок ќе докажуваат пред други институции.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата