x

Левандовски: Не го славевме Супер-Купот, изморени сме

levandovski

Баерн Минхен во четвртокот го освои европскиот Супер-Куп. Во 120 минути игра, го совладаа составот на Севиља, и се закитија со трофејот.

„Баварците“ имаа многу густ распоред. Од финалето во ЛШ, веднаш требаше да се подготвуваат за новата сезона во Бундеслигата, како и за Супер-Купот. Левандовски призна дека неговиот тим не го славел најновиот трофеј.

„Не ја славевме ниту победата, ниту трофејот. Игравме 120 минути, и преуморни сме. Немавме ниту слободен ден. Веќе се подготвуваме за натпреварот со Хофенхајм. Ех, како би поминал пет дена во ладна вода“, рече полскиот голгетер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата