x

Леброн со трипл-дабл ја продолжи победничката серија на Лејкерс

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа над Феникс со 117:107 во еден од поинтересните синоќешни натпревари во НБА лигата. Лидерот на Западот благодарение на одличниот настап на Леброн Џејмс кој средбата ја заврши со трипл-дабл ефект успеа да дојде и до својата 27. сезонска победа.

Леброн нанижа 31 поен со 13 скока и 12 асистенции и ги поведе „езерџиите“ кон нов трет последователен успех. Одличен настап кај гостите имаше Девин Букер, кој постигна 32 поени и оствари 2 скока и 7 асистенции.

Во следниот натпревар во НБА, Милвоки Бакс беше домаќин на Минесота Тимбервулвс. Средбата се одржа на стадионот „Фајзер Форум Форум“ во Милвоки и заврши со победа за домаќините со резултат 106: 104.

Одлична вечер имаше и Јанис Адетокунбо. Најдобриот кошаркар на Милвоки постигна дабл-дабл на мечо со Минесота со 32 поени, 17 скокови и 4 асистенции и беше најзаслужен што неговиот тим славеше над Тимбервулфс со 106:104. Домаќините ја продолжија својата победничка низа од 4 натпревари, додека Минесота загуби на 3 од последните 5 натпревари.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Вашингтон – Орландо 101:122

Њујорк – Портланд 117:93

Милвоки – Минесота 106:104

ЛА Лејкерс – Феникс 117:107

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата