x

Леброн се има пресметано: Знам што е потребно за да станам најдобар во историјата

Кошаркарот на Л.А. Лејкерс, Леброн Џејмс е на четвртото место по постигнати поени на листата на вечните во НБА лигата. Џордан веќе го мина, Коби Брајант ќе го стигне набрзо, додека да го собори рекордот на Карим Абдул-Џабар му е потребно малку повеќе време, но Леброн знае точно како да го направи тоа.

За да стане најдобриот поентер во историјата на НБА лигата му недостасуваат уште 5.041 поен.

„Ќе лажам ако кажам дека не знам што се случува. Знам, го гледам тоа. Не можам да кажам „ако играм многу, со овој просек…“. Никогаш во кариерата не сум го правел тоа, но знам што е потребно да се биде на врвот “, рече Леброн.

На 32 одиграни натпревари оваа сезона, Леброн во просек има 25,1 поен по натпревар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата