x

Леброн ги уништи Денвер и Јокиќ за место во големото финале (ВИДЕО)

lebrob

ЛА Лејкерс го победија Денвер со 117-107 и со вкупни 4-1 патуваат во големото НБА-финале.

Леброн Џејмс беше нерешлива енигма за противникот, зад своето име запиша 38 поени (15/25), 16 скока и девет асистенции. Ентони Дејвис мечот го заврши со 27 поени, на другата страна по 20 поени имаа Јокиќ и Мареј, не тие не беа доволни за ново плеј-оф чудо.

Лејкерси уште на самиот старт го контролираа мечот, водеа во последните три четвртина, Нагетси на пред стастот на последниот период успеаја да изедначат, но немаа сили за целосен пресврт.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата