x

Леброн ги прескокна Данкан и Томпсон, Лејкерси фатија залет (ВИДЕО)

lebron-gledaci

ЛА Лејкерс направи целосен пресврт во првата рунда во плеј-офот, дојде до новата победа над Портланд (116-108) и поведе со 2-1.

Блејзерси во првите две четвртини го држеа мечот во егал, имаа дури и предност, но се беше решено во третиот период, кој им припадна на Лејкерс со 29-40. Токму оваа игра на крајот беше клучна за втората победа во низа на тимот од ЛА.

Леброн Џејмс со 38 поени и 12 скока беше прв стрелец, зад него беше Ентони Дејвис со 29 поени и 11 скока. На другата страна Лилард запиша 34 поени.

На оваа средба Леброн прескокна двајца кошаркари кога станува збор за статистичките бројки во доигрувањето. Тој се искачи на второто место на табелата по бројот на победи, има 158, една повеќе од Тим Данкан, лидер е Дерек Фишер со 161.. Второто остварување на „кралот“ е бројот на постигнаѕи тројки, по овој дуел има 375, три повеќе од Клеј Томпсон, лидер е Стеф Кари со 470.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата