Спрема новиот закон само венчани парови можат да усвојуваат дете, со неколку исклучоци за самохрани роднини.

Претставници на ЛГБТ заедницата ги критикувале новите закони на Унгарскиот парламент кој забранува усвојување деца

На истополови парови Законот предложен од десничарската влада на Виктор Орбан наложува дека деца можат да усвојуваат само брачни парови, со неколку исклучоци за самохрани роднини.

Една група за заштита на човекови права новиот закон го опишала како “мрачен ден за човекови права“.

Што пишува во новиот закон?

Од доаѓање на власт во 2010 година, Виктор Орбан направил големи промени во унгарскиот устав. Амандманот кој исто така е одобрен го дефинира семејството како “брак базиран на однос на родители и дете. Мајка жена, а таткото маж“.

Истополовите парови сега не ќе можат да усвојуваат дете, односно маж и жена кои се во брак“, рекла министерката за правда Јудит Варга.

Истополовите бракови сега не ќе можат да усвојат дете, дури и ако еден од нив се пријави како самец.

Самците ќе мора да добијат посебно одобрување од владата за да посвојат дете.

Родителите ќе мора да востипуваат деца во конзервативен дух, пишува сега во уставот. “Унгарија го брани правото на децата да се идентификуваат со родот добиен на денот раѓањето и го осигурува нивното воспитување базирано на уставениот идентитет на нашата држава и вредностите на нашата христијанска култура“, се наведува во него.

Во мај оваа година, унгарскиот парламент го одобрил законот кој забранува на трансродните луѓе во личните документи промена на родот кој им е запишан на раѓањето.

Група за заштина на човековите права остро го критикувале новиот закон.

Минатата недела лидерите на ЕУ постигнале компромис со Унгарија и Полска за да одбегнат вето за носење буџет на ЕУ од овие две држави кои не сакаат да им се наметнат либерални вредности.