Вкупно 593 лица го преминале Ла Манш минатата година, а најголемиот дел го преминале каналот во последните три месеци од минатата година, соопшти Министерството за внатрешни работи на Велика Британија.

Британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид изјави дека треба да се постави прашање зошто мигрантите не побараат азил во Франција, која, исто така важи за безбедна земја. ,,Треба да се постави прашање зошто азилантите, доколку се навистина баратели на азил, не го побараат тоа во првата безбедна држава во која ќе дојдат, бидејќи Франција е држава за која никој не би кажал дека не е безбедна”, изјави Џавид за време на посетата на Довер.

Британскиот суд во август осуди шест лица, осомничени за припадност на криминална организација вмешана во кримчарење албански мигранти во Велика Британија на вкупно 48 години затвор. Џавид рече дека британските власти со пресудата сакале на криминалците да им пратат порака дека нема да успеат во намерата да заработат со криумчарење мигранти.

извор: Makfax