Додека шпанската Ла Лига се подготвува за рестарт, проблемите се таложат. Денеска стигнува и трет случај на фудбалер од елитата кој е позитивен на КОВИД-19. Станува збор за првотимецот на Гранада, Jанхел Ерера, кој како и ренан Лоди од Атлетико (М) бил асимптоматичен, но ќе мора да остане во карантин.
Ерера е всушност играч на Манчестер Сити кој во Гранада настапува како позајмен. Оваа сезона тој одигра 26 меча за шпанскиот прволигаш. Покрај него, позитивни на КОВИД-19 се и Ренан Лоди (Атлетико М.) и Алекс Ремиро (Реал Сосиедад).