x

ЛА ЛИГА: Барса „заглави“ во Сан Себастијан (видео)

Во 16. коло од шпанската Ла Лига, Барселона одигра само нерешено на гостувањето кај Реал Сосиедад (2-2). Сан Себастијан уште еднаш се покажа незгоден за Барселона. Ојарзабал реализира во 12 минута од пенал, а Гризман изедначи пред крајот на првото полувреме. Само што почна второто Луис Суарез го сврте резулатот во корист на шампионот но домашните се кренаа и повторно ја начнаа мрежата на каталонскиот тим. Шведскиот напаѓач Александар Ајсак го совлада Тер Штеген за поделба на пленот.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата