Сигурни извори од кумановскиот затвор „Кшање“ изјавија дека во овој затвор биле конфискувани пропагандни материјали на ДУИ. 
Според нив, материјалите биле конфискувани додека се обидувале да ги внесат во затворот, пишува Лајм.

 Во оваа прилика беа конфискувани некои маици со логото на ДУИ и Насер Зибери. Исто така, се прават обиди да се изврши притисок врз затворениците да гласаат за одредени партии, изјавиј извори од затворот.

Во врска со случајот ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде отворена истражна постапка.

Извор: Лајм