Албанска партија во Македонија врши притисок да не се ослободи поранешниот војник на Ослободителната војска на Косово (ОВК-УЧК), Томор Морина, велат извори од Организацијата за ветерани на УЧК за весникот Лајм.

Според информациите што ги имаат тие, Морина требаше да биде ослободена од затворот во Скопје вчера, но по инсистирање на гореспомената партија „која традиционално собира политичките поени од албанските несреќи“, ослободувањето на Томор е одложено.

– Тие го условуваат ослободувањето на Томор. Имаат два услови – првиот услов е пред да бидат ослободени да го посетат во затвор и да се сликаат со него за да се здобијат со политички поени, а вториот услов е да го принудат Томор откако ќе излезе од затвор да се слика со лидерот на нивната партија, или кој било висок функционер на оваа партија, велат овие извори.

Некои ветерани на УЧК, членови на Организацијата на ветерани, велат дека откако ќе се ослободи Томор, ќе го кажат и името на албанската партија во Македонија што го одложи ослободувањето на нивниот соборец.
Одбраната на Томор Морина моментално молчи и не ги коментира овие информации. Сè уште не е познато кога ќе се случи неговото ослободување.

Инаку, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска најави дека ќе оди во затвор да го посети приведениот Тимор Морина, поранешен припадник на ОВК, кој беше уапсен поради распишана потерница од Интерпол, бидејќи Србија го бара за воени злосторства против цивилите во Косово.

-Ова е недозволиво. Морина треба да се ослободи. Жално е што се случи овој настан, бидејќи влијае на односите меѓу нас и Република Косово. Барањето на Србија е за српски граѓанин, а ние овие граѓани ги признаваме како граѓани на Косово. Тоа е безпредметно. Специфично е дека потерницата не е преку српскиот Интерпол, туку преку централата на Интерпол, и затоа нашата држава треба да ги почитува процедурите. Мојата посета е како пријател на Република Косово и претставник на Влада која е пријател на Косово, рече Османи.

Тој ги отфрли тврдењата дека со своите изјави ДУИ врши притисок врз судството.

-Притисок вршиме за Министерството за правда да ја забрза постапката. Ова прашање мора системски да се реши и да не се случува и понатаму да се најдеме среде односите меѓу Србија и Косово. Сакаме добри односи со Србија, но никако на сметка на добрите односи со Косово, додаде Османи.